ХОЛИВУД ВО ЦЕЛОСЕН ЗАСТОЈ ОТКАКО ПОЧНА ПРВИОТ ДВОЕН ШТРАЈК НА АКТЕРИТЕ И СЦЕНАРИСТИТЕ ОД 1960

    ХОЛИВУД ВО ЦЕЛОСЕН ЗАСТОЈ ОТКАКО ПОЧНА ПРВИОТ ДВОЕН ШТРАЈК НА АКТЕРИТЕ И СЦЕНАРИСТИТЕ ОД 1960Штрајкот ќе значи запирање на речиси сите американски филмски и телевизиски продукции (Фото: Гети)

    Холивудските актери и официјално објавија дека ќе им се придружат на сценаристите во штрајкот кој трае веќе два месеца, со што филмската индустрија ќе се најде во целосен застој. Здружението на филмските, телевизиските и радио актери (САГ-АФТРА) бара поправедна распределба на профитот од стримингот и подобри работни услови. Околу 160.000 актери и изведувачи ќе прекинат со работа на полноќ по локално време во Лос Анџелес.

    Штрајкот ќе значи запирање на речиси сите американски филмски и телевизиски продукции, а би можел да се прошири и надвор од САД. 

    Филмските ѕвезди Килијан Марфи, Мет Дејмон и Емили Блант ја напуштија синоќешната премиера на „Опенхајмер“ во Лондон откако беше најавено дека штрајкот ќе се активира. Планирано е од петок наутро актерите да се собираат пред седиштата на „Нетфликс“, „Парамаунт“, „Дизни“ и „Ворнер брос“ во Калифорнија.

    САГ-АФТРА исто така бара гаранции дека актерите нема да бидат заменети со вештачка интелигенција и компјутерски генерирани лица и гласови.

    Ова е прв двоен штрајк на актерите и сценаристите во Холивуд од 1960 година.

    Одговорот на филмските студија на нашите грижи беше срамен и непочитувачки. Шокирана сум од тоа како луѓето од бизнисот нѐ третираат. Не ми се верува колку сме оддалечени за многу работи, како тие зборуваат за сиромаштија и за губење пари, а им даваат стотици милиони долари на своите извршни директори. Тоа е одвратно“, изјави претседателката на САГ-АФТРА, Френ Дрешер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира