ХОТЕЛ ВО ТЕНЕРИФЕ СО 1.000 ГОСТИ СТАВЕН ВО КАРАНТИН ПОРАДИ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

    ХОТЕЛ ВО ТЕНЕРИФЕ СО 1.000 ГОСТИ СТАВЕН ВО КАРАНТИН ПОРАДИ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУСOколу хотелот во ресортот Адехе се распоредени безбедносни сили за да се спречи излегувањето на гостите

    Хотел во Тенерифе на Канарските Острови е ставен во карантин откако еден гостин од Италија имал позитивен тест на коронавирус.

    На околу 1.000 гости во хотелот „Коста адехе палас“ им било кажано да останат во своите соби додека се спроведуваат медицински тестови, објавија шпански медиуми.

    Заразениот лекар е од Ломбардија, регион каде што има најмногу случаи на коронавирус во Италија, при што шест лица и починаа.

    Весникот „Ел Паис“ цитираше полициски извори кои кажаа дека здравствените власти наредиле мониторинг на гостите во хотелот. Еден од нив напишал на Фејсбук дека добил порака под вратата од собата.

    „Со жалење ве информираме дека од здравствени причини хотелот е затворен. До следна информација, ве молиме да останете во собите“, стоело во пораката.

    Шпанските медиуми велат дека околу хотелот се распоредени безбедносни сили за да се спречи излегувањето на гостите. Заразениот лекар е ставен во изолација во болница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира