Хрватската влада донесе одлука за замрзнување на цените на горивата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, додека американско-израелската војна против Иран придонесе глобалната цена на нафтата да надмине 100 долари за барел за првпат од 2022.
Според новите регулирани цени, бензинот во следните 14 дена ќе биде поскап за четири центи по литар, а дизелот за седум центи.
„Еуросупер ќе чини едно и пол евра за литар, а без владини мерки би чинел 1,55 евра. Еуродизел поскапува на 1,55 евра за литар, а без владини мерки би се продавал за 1,72 евра“, кажа премиерот Андреј Пленковиќ.
Објавено е дека за две недели владата ќе излезе со нова формула за цените на горивата.



