ХРВАТСКА ПЛАНИНАРКА ЗАГИНА НА ВТОРИОТ НАЈВИСОК ВРВ ВО АЛБАНИЈА, СЕДУММИНА СПАСЕНИ

    ХРВАТСКА ПЛАНИНАРКА ЗАГИНА НА ВТОРИОТ НАЈВИСОК ВРВ ВО АЛБАНИЈА, СЕДУММИНА СПАСЕНИАлбанската горска служба на спасување објави снимки од акцијата на Езерски Врв на масивот Проклетие (Фото: Фејсбук)

    Хрватска планинарка загина, а седуммина нејзини колеги се спасени во акцијата на албанската горска служба на спасување, која вчера се одвиваше на Езерски Врв на масивот Проклетие. Во спасувачката акција учествувале хеликоптер на министерството за одбрана и полиција.

    Потврдено е дека загинала 43-годишна жена од Осиек, за која хрватските медиуми објавија дека била научник, а спасени се четворица државјани на Хрватска и тројца на Србија.

    „Планинарка од Хрватска загина откако се лизнала при качувањето близу Езерски Врв, а остатокот од тимот веднаш повикал помош. Таа е пронајдена без знаци на живот“, објави албанската горска служба на спасување.

    Со своите 2.694 метри, Езерски Врв е највисокиот врв на Динаридите и втор по височина во Албанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира