ХРВАТСКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР ЈОСИП ДАБРО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ СНИМКАТА НА КОЈА СЕ ГЛЕДА КАКО ПУКА СО ПИШТОЛ ОД АВТОМОБИЛ

    ХРВАТСКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР ЈОСИП ДАБРО ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ СНИМКАТА НА КОЈА СЕ ГЛЕДА КАКО ПУКА СО ПИШТОЛ ОД АВТОМОБИЛВо јавноста протече снимка како вицепремиер испалува 15 куршуми низ отворен прозор додека се вози во приватен автомобил. (Фото: принтскрин)

    Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ќе го разреши вицепремиерот и министер за земјоделство, шумарство и рибарство Јосип Дабро, кој ноќеска поднесе оставка, кажа портпаролот на хрватската влада Марко Милиќ.

    Тој додаде дека Пленковиќ синоќа разговарал со Дабро и му кажал дека објавените снимки како пука со пиштол укажуваат на непримерно однесување.

    „Му рече дека очекува да поднесе оставка поради сите околности, нешто што господинот Дабро потоа го направи. Следствено на тоа, премиерот денеска ќе го разреши од должноста“, кажа Милиќ.

    Дабро ноќеска поднесе оставка откако во јавноста протече снимка како испалува 15 куршуми низ отворен прозор додека се вози во приватен автомобил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира