ХУНТАТА НА МЈАНМАР ГИ БЕЛЕЖИ НАЈГОЛЕМИТЕ ПОРАЗИ ОД ПУЧОТ ВО 2021 ОТКАКО ТРИ БУНТОВНИЧКИ АРМИИ ТРГНАА ВО ОФАНЗИВА

    ХУНТАТА НА МЈАНМАР ГИ БЕЛЕЖИ НАЈГОЛЕМИТЕ ПОРАЗИ ОД ПУЧОТ ВО 2021 ОТКАКО ТРИ БУНТОВНИЧКИ АРМИИ ТРГНАА ВО ОФАНЗИВАПретседателот на Мјанмар предупреди дека земјата би можела да се распадне (Фото: АФП)

    Бунтовничка алијанса освои делови од северен Мјанмар, вклучувајќи области кои граничат со Кина, додека отпорот против воената хунта ги бележи најголемите победи од пучот во 2021, велат дипломати и аналитичари. Најжестоките борби се водат во северната покраина Шан покрај границата со Кина, каде што три моќни етнички вооружени групи заеднички тргнаа во офанзива, заземајќи повеќе градови и армиски пунктови во изминатите недели.

    Претседателот на Мјанмар предупреди дека земјата би можела да се распадне поради неуспехот на хунтата да се справи со бунтовниците.

    „Трите групи кои се борат против хунтата со неверојатна координација зазеле 100 воени пунктови, а хунтата би можела да изгуби и клучни гранични премини преку кои се одвива 40% од копнената трговска размена со Кина“, објави американскиот Институт за мир.

    Околу 50.000 луѓе се раселени во Шан, каде што продолжуваат артилериски и воздушни бомбардирања, кажаа од Обединетите нации.

    „Ова е многу значајно. Војската на Мјанмар изгледа најслабо откако го изведе пучот“, изјави еден дипломат, кој побара да остане анонимен.

    Маунг Саунгха, лидерот на Народната ослободителна војска Бамар, изјави дека бунтовничката алијанса се подготвувала повеќе од една година за офанзивата.

    „Ова е нашата најголема и најуспешна офанзива досега. Групите од отпорот работат заедно за да ја победат веќе ослабнатата армија. Подобра шанса нема да имаме“, изјави Саунгха.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира