И ДА МИ ЗАБРАНАТ УСТАВНИТЕ СУДИИ ДА БИДАМ НА ИЗБОРНАТА ЛИСТА, ПАК ЌЕ БИДАМ КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР И ЌЕ ПОБЕДАМ, ВЕЛИ ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАНОВИЌ

    И ДА МИ ЗАБРАНАТ УСТАВНИТЕ СУДИИ ДА БИДАМ НА ИЗБОРНАТА ЛИСТА, ПАК ЌЕ БИДАМ КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР И ЌЕ ПОБЕДАМ, ВЕЛИ ХРВАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАНОВИЌХрватскиот претседател Зоран Милановиќ вели дека нема да поднесе оставка како претседател, зашто не сака целата власт да ја остави во рацете на владејачката ХДЗ и премиерот Андреј Пленковиќ. (Фото: СДК.МК)

    Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вели дека нема да поднесе оставка пред парламентарните избори на 17 април и во секој случај ќе биде кандидат за премиер, без оглед на одлуката на Уставниот суд. Хрватскиот Уставен суд најави дека наскоро ќе донесе одлука дали Милановиќ смее да биде кандидат на изборната листа на неговата партија, опозициската СДП.

    „Ако уставните судии на ХДЗ ми забранат да бидам на листата, сеедно ќе победиме. Ќе бидам кандидат за премиер, не е битно дали сум на листата“, кажа Милановиќ во објава на социјалните мрежи.

    Милановиќ во петокот ги закажа парламентарните избори за 17 април и најави дека ќе биде кандидат за премиер, нешто што предизвика дилеми во Хрватска околу уставноста на таквиот потег.

    Милановиќ стана претседател во 2020 година како кандидат на СДП, а неговиот претседателски мандат истекува во февруари следната година. Тој беше премиер од 2011 до 2016 година.

    Хрватскиот претседател вели дека нема да поднесе оставка како претседател, зашто не сака целата власт да ја остави во рацете на владејачката ХДЗ и премиерот Андреј Пленковиќ.

    „Не се грижете, нема да дадам оставкa на функцијата претседател на републиката затоа што не сакам да ја препуштам целата власт во рацете на Пленковиќ и ХДЗ. Не заборавајте, ако отстапам од функцијата претседател на републиката пред победата на овие избори и пред изборот на нов претседател на парламентот, функцијата претседател на републиката времено ја презема Гордан Јандроковиќ од ХДЗ. Значи, Пленковиќ и Јандроковиќ во тој случај би управувале со државата, би ја презеле апсолутната власт во Хрватска“, вели Милановиќ.

    Тој повтори дека ќе поднесе оставка по парламентарните избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира