Сенаторката Елизабет Ворен ја заврши својата претседателска кампања по разочарувачките резултати на гласањето во вторникот.
Претставник на либералната левица, 70-годишната Ворен важеше за голем фаворит на Демократите, но на таканаречениот Супервторник не освои ниедна од 14-те сојузни држави во кои што се гласаше. На тој начин, на годинашните претседателски избори на Доналд Трамп ќе му се спротивстави Џо Бајден или Берни Сандерс.
Ворен кажа дека засега не решила кого од нив двајца ќе поддржи, но нејзината одлука може да му биде од корист на Сандерс, кој е последниот прогресивен кандидат останат во трката.
Иако со голем ентузијазам влезе во кампањата, Ворен не освои ниту една сојузна држава на внатрепартиските избори.