И ФРАНЦИЈА ЌЕ ЈА ПОМОГНЕ УКРАИНА СО ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ

    И ФРАНЦИЈА ЌЕ ЈА ПОМОГНЕ УКРАИНА СО ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛМакрон кажа дека одлучиле да ја засилат воената помош за Украина (Фото: Гети)

    Франција ќе ја следи Велика Британија и ќе ѝ даде проектили со долг дострел на Украина, што ќе ѝ овозможи на нејзината војска да гаѓа руски цели далеку зад линијата на фронтот. На самитот на НАТО во Вилнус, Емануел Макрон кажа дека одлучиле да ја засилат воената помош за Украина, со цел да ја помогнат нејзината противофанзива.

    „Одлучив да ги зголемиме испораките на оружје за да им овозможиме на Украинците да напаѓаат подлабоко. Добивме уверувања од Киев дека проектилите нема да се користат за напади на руската територија“, кажа Макрон.

    Украина со месеци бараше проектили со долг дострел, но досега нема добиено позитивен одговор од главниот снабдувач САД. Прва реагираше Велика Британија, која во мај испрати проектили „сторм шедоу“, чија француска верзија „скалп“ има дострел од околу 250 километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира