И РУСИЈА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПАКТОТ ЗА КОНТРОЛА НА ВООРУЖУВАЊЕТО И НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ РАЗВИВА НОВИ ПРОЕКТИЛИ

    И РУСИЈА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПАКТОТ ЗА КОНТРОЛА НА ВООРУЖУВАЊЕТО И НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ РАЗВИВА НОВИ ПРОЕКТИЛИПутин им порача на САД дека остануваат отворени за разговори (Фото: АП)

    Русија ги суспендираше своите обврски од договорот за контрола на вооружувањето, потпишан во времето на Студената војна, само ден откако САД ја објавија истата одлука.

    Претседателот Владимир Путин кажа дека Русија ќе почне да развива нови проектили.

    САД вчера објавија дека се повлекуваат од договорот од 1987 година, обвинувајќи ја Русија дека со години го крши. САД и Советски Сојуз го потпишаа пактот за да забранат развој и употреба на проектили земја-воздух со домет меѓу 500 и 5.000 километри.

    „Нашите американски партнери објавија дека го укинуваат своето учество во договорот и ние донесовме иста одлука. Сите наши предлози во оваа област, како и досега, остануваат на маса, вратите за разговори се отворени“, изјави Путин.

    И генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја обвини Русија за постојаното кршење на договорот.

    „Сите европски сојузници се согласуваат со САД дека Русија го крши пактот со години. Тие распоредуваат сѐ повеќе и повеќе нови проектили“, кажа Столтенберг.

    Со овој договор, во 1991 година биле уништени речиси 2.700 проектили. Во 2007, Путин изјави дека договорот веќе не е во интерес на Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира