ИЛИ ЌЕ ПРАЌАМЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ДА СЕ БОРАТ ВО УКРАИНА ИЛИ ВАШИ ДЕЦА, КАЖА ШЕФОТ НА ПЛАТЕНИЧКАТА ГРУПА „ВАГНЕР“

    ИЛИ ЌЕ ПРАЌАМЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ДА СЕ БОРАТ ВО УКРАИНА ИЛИ ВАШИ ДЕЦА, КАЖА ШЕФОТ НА ПЛАТЕНИЧКАТА ГРУПА „ВАГНЕР“Би-Би-Си утврди дека видеото е снимено во затвореничка колонија во централната руска република Мари Ел (Фото: Твитер)

    Шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгени Пригожин, ја бранеше идејата да се праќаат затвореници да се борат во Украина, откако беше снимен како регрутира борци во еден затвор. Тој им порача на оние кои се противат на идејата да ги испратат своите деца да се борат.

    На снимката објавена на Телеграм, Пригожин им ветува слобода на затворениците ако преживеат шест месеци војна во Украина, за која признава дека е потешка од оние во Чеченија и Авганистан.

    Никој не се враќа зад решетки. Ако отслужите шест месеци, слободни сте. Ако дојдете во Украина и сфатите дека тоа не е за вас, ќе ве погубиме“, вели Пригожин во видеото.

    Би-Би-Си утврди дека видеото е снимено во затвореничка колонија во централната руска република Мари Ел.

    Се верува дека платениците на „Вагнер“ се борат во Украина уште од 2014.

    Доколку јас бев во затвор, би сонувал да му се придружам на ‘Вагнер‘ за да го отплатам мојот долг кон татковината. Или ќе бидат приватни воени компании и затвореници или ваши деца, одлучете сами“, напиша Пригожин на социјалните мрежи.

    Видеото со обраќањето на таканаречениот Готвач на Путин ги потврдува западните информации дека „Вагнер“ регрутира платеници меѓу затвореници, што пак укажува на тоа дека Русија се мачи со недостигот на борбена пешадија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира