КОЈ ПРЕЖИВЕЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ ВО УКРАИНА, СЛОБОДЕН Е – ШЕФОТ НА „ВАГНЕР“ СНИМЕН КАКО РЕГРУТИРА ПЛАТЕНИЦИ МЕЃУ ЗАТВОРЕНИЦИ

    КОЈ ПРЕЖИВЕЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ ВО УКРАИНА, СЛОБОДЕН Е – ШЕФОТ НА „ВАГНЕР“ СНИМЕН КАКО РЕГРУТИРА ПЛАТЕНИЦИ МЕЃУ ЗАТВОРЕНИЦИПригожин во видеото им се заканува на дезертерите дека ќе бидат погубени (Фото: Твитер)

    Окружен од затвореници облечени во црно, маж што се претставува како Евгени Пригожин, шеф на руската приватна воена компанија „Вагнер“, им ветува слобода ако дојдат да се борат во Украина и преживеат шест месеци. Видеото со обраќањето на таканаречениот Готвач на Путин се појави на Телеграм и ги потврдува западните информации дека „Вагнер“ регрутира платеници меѓу затвореници.

    „Никој не се враќа зад решетки. Ако отслужите шест месеци, слободни сте. Ако дојдете во Украина и сфатите дека тоа не е за вас, ќе ве погубиме“, вели Пригожин во видеото, преведено од новинарот на „Вол стрит џурнал“, Јарослав Трофимов.

    Тој им дава пет минути да се решат.

    Платениците на „Вагнер“ веќе се борат во Украина во голем број и се поврзуваат со масакрот на цивили во Буча. Групата во последно време почна и јавно да бара борци за Украина.

    Во видеото, Пригожин признава дека конфликтот во Украина е потежок од оние во Чеченија и Авганистан. Службата во „Вагнер“ доаѓа со неколку услови, но и со закана дека дезертерите ќе бидат убиени. Оние што ќе бидат заробени мора да се самоубијат со бомба. Пригожин вели дека регрутите не смеат да консумираат алкохол и дрога.

    „Забранети се и грабежи и сексуални контакти со локални жени, мажи, флора и фауна“, вели Пригожин, додавајќи дека примаат мажи од 22 до 50 години, вклучувајќи и зависници и сексуални престапници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира