ИЛЈАДНИЦИ ДЕЦА ЌЕ БИДАТ ЕВАКУИРАНИ ОД БЕЛГОРОД ПОРАДИ НАПАДИ ОД УКРАИНА, ВО КОИ ОВАА НЕДЕЛА ЗАГИНАЛЕ 16 ЛУЃЕ

    ИЛЈАДНИЦИ ДЕЦА ЌЕ БИДАТ ЕВАКУИРАНИ ОД БЕЛГОРОД ПОРАДИ НАПАДИ ОД УКРАИНА, ВО КОИ ОВАА НЕДЕЛА ЗАГИНАЛЕ 16 ЛУЃЕБелгород е честа мета на напади во последно време (Фото: АП)

    Околу 9.000 деца ќе бидат евакуирани од рускиот пограничен град Белгород и од поширокиот регион поради гранатирањата за кои руските власти ја обвинија Украина. Гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека тројца луѓе, од кои едно дете, биле ранети во последниот напад, додека дел од регионот останал без струја.

    Тој додаде дека оваа недела загинале 16 луѓе, а 98 биле ранети.

    Новата наредба за евакуација се однесува на неколку населби во градот Белгород и на неколку села во други делови на овој регион. Првата група од 1.200 деца ќе биде евакуирана в петок.

    Владимир Путин ја обвини Украина дека лансирала напади на Белгород за да го наруши неговиот реизбор за претседател.

    Белгород беше мета и на руски антивладини паравоени групи, кои неодамна упаднаа од Украина и се бореа со руските безбедносни сили. Тие тврдеа дека притоа презеле контрола врз две села.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира