ИЛЈАДНИЦИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД ПРОТИВ КОПАЊЕТО ЛИТИУМ

    ИЛЈАДНИЦИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД ПРОТИВ КОПАЊЕТО ЛИТИУМСпоред српското МВР, меѓу 24 и 27 илјади луѓе учествувале на протестот. (Фото: Икс)

    Илјадници луѓе во Србија синоќа и ноќеска протестираа во Белград против плановите за рудник на литиум, една од клучните сировини за батерии за електрични возила. Активистите велат дека рудникот ќе предизвика ненадоместлива штета на животната средина во српската долина Јадар, каде што се наоѓа едно од најголемите наоѓалишта на литиум.

    Компанијата „Рио Тинто“ доби лиценца за рудник, но му беше одземена во 2022 година по големи протести, но проектот беше рестартиран минатиот месец со судска одлука. Претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека ќе бидат спроведени најстроги протоколи за заштита на животната средина.

    Демонстрантите во српската престолнина скандираа против „Рио Тинто“ и додека маршираа низ градот. Според српското МВР, меѓу 24 и 27 илјади луѓе учествувале на протестот.

    Активисти исто така блокираа две од железничките станици во Белград и дел од нив лежеа на пругите, но во текот на ноќта беа отстранети од полицијата.

    Активистите бараат од парламентот да го забрани копањето литиум во Србија, предупредувајќи ги политичките лидери дека има опасност по јавното здравје и заградување на почвата и водата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира