ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ПРОТЕСТИРААТ ВО БАЊА ЛУКА И САРАЕВО ПО АПСЕЊЕТО НА ТАТКОТО НА УБИЕНИОТ СТУДЕНТ ДАВИД ДРАГИЧЕВИЌ, УАПСЕНИ ОПОЗИЦИСКИ ПОЛИТИЧАРИ

    ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ПРОТЕСТИРААТ ВО БАЊА ЛУКА И САРАЕВО ПО АПСЕЊЕТО НА ТАТКОТО НА УБИЕНИОТ СТУДЕНТ ДАВИД ДРАГИЧЕВИЌ, УАПСЕНИ ОПОЗИЦИСКИ ПОЛИТИЧАРИИлјадници луѓе вчера се собраа во центарот на Бања Лука, при што беа уапсени неколкумина политичари и активисти (Фото: 24 сата)

    Во Бања Лука и Сараево за денеска се најавени нови протести, откако вчера беа уапсени Давор Драгичевиќ и неговата бивша сопруга Сузана, родителите на студентот Давид Драгичевиќ, кој почина во март во неразјаснети околности.

    Драгичевиќ, кој тврди дека полицијата е вмешана во смртта на неговиот син поради што се обидела да го заташка случајот, обвинувајќи го дека препродавал дрога, утрово беше спроведен во обвинителството на Бања Лука. Тој се товари за загрозување на безбедноста поради наводните закани кон министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач, изречени пред зградата на владата на 17 декември.

    По неговото апсење, илјадници луѓе вчера се собраа во центарот на Бања Лука, а протести имаше и во Сараево и Мостар.

    Давид Драгичевиќ беше пронајден мртов на 24 март и неговата смрт и натаму е неразјаснета (Фото: 24 часа)

    „Власта прави голема грешка. Место да го решава случајот, таа тргна во пресметка со својот народ. Што ќе се случува понатаму, никој не знае“, изјави лидерот на Партијата на демократски прогрес, Бранислав Бореновиќ, кој беше меѓу приведените на вчерашниот протест.

    Протестот ескалираше кога специјалци се обидоа да го отстранат имровизираниот споменик на убиениот Давид. Во туркањето со полицијата беа уапсени двајца опозициски политичари и неколку членови на групата „Правда за Давид“.

    Давид Драгичевиќ исчезна на 17 март и неговото тело беше пронајдено во реката Врбас седум дена подоцна. Неговата смрт покрена секојдневни протести во Бања Лука, кои со тек на време се претворија во бунт против власта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира