На илјадници луѓе во германската покраина Фризија кои сакале да се заштитат од коронавирусот можеби им бил даден физиолошки раствор место вакцина против ковид-19, објави министерството за здравство на Долна Саксонија.
Повеќе од 2.000 луѓе се пријавиле за повторно вакцинирање откако медицинска сестра била обвинета дека користела физиолошки раствор кога вакцинирала пациенти против ковид-19. Засега е нејасно дали станува збор за грешка или за намера.
„Оштетените пациенти уште денеска ќе можат да примат вакцина против ковид-19“, изјави портпаролот на Фризија, која е во составот на Долна Саксонија.
Полицијата вчера соопшти дека илјадници луѓе можеби примиле физиолошки раствор место вакцина, што е многу повеќе од она што првично се мислеше. Локалните власти објавија дека можеби се погодени 8.557 луѓе кои биле да се вакцинираат во периодот од 5 март до 20 април, но точната бројка засега не е позната.