ИЛЈАДНИЦИ ТУРИСТИ БЕГААТ ОД КРИТ ОТКАКО ГОЛЕМ ПОЖАР УНИШТИ ДОМОВИ И ХОТЕЛИ

    ИЛЈАДНИЦИ ТУРИСТИ БЕГААТ ОД КРИТ ОТКАКО ГОЛЕМ ПОЖАР УНИШТИ ДОМОВИ И ХОТЕЛИПожарот брзо се шири благодарение на жестоки ветрови и суви услови (Фото: ЕПА)

    Илјадници туристи бегаат од југоисточниот дел на грчкиот остров Крит откако голем пожар во областа на Ласити доведе до масовни евакуации од хотели и домови. Властите кажаа дека досега се евакуирани повеќе од 1.000 луѓе од најмалку четири населени места, кои се сместени во привремено засолниште во спортска сала во градот Јерапетра.

    Некои заминале од Крит со брод, а шефот на хотелиерите во областа Јоргос Царакис процени дека избегале најмалку 5.000 туристи, што би можело да се одрази и врз букирањата во иднина.

    Пожарот кој избувнал пред два дена близу Јерапетра зафати шуми и насади со маслинови дрвја и брзо се шири благодарение на жестоки ветрови и суви услови.

    Во областа има налети на ветер, што предизвикува повторно разгорување и го попречува гаснењето“, изјави портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракојанис, додавајќи дека помагаат и пожарникари од Атина.

    Властите кажаа дека голем број домови, хотели, бизниси и вили за изнајмување се оштетени или целосно уништени. Неколкумина луѓе се префрлени во болница поради вдишување чад, но засега нема жртви. Пожарот во меѓувреме се подели на три фронта, што го отежнува гаснењето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира