ИМАМ ДОКАЗИ ДЕКА СУМ ЦЕЛ НА РУСКИ ХАКЕРИ, ВЕЛИ МЕРКЕЛ

    ИМАМ ДОКАЗИ ДЕКА СУМ ЦЕЛ НА РУСКИ ХАКЕРИ, ВЕЛИ МЕРКЕЛМеркел најави санкции доколку Русија продолжи со своите шпионски активности (Фото: Гети)

    Ангела Меркел откри дека е цел на руски хакерски напади, додавајќи дека има доказ за вакви шпионски активности.

    „Можам искрено да кажам дека тоа ме повредува. Секој ден се обидувам да изградам подобри односи со Русија, а од друга страна, имам цврсти докази дека руските сили го прават тоа“, кажа Меркел.

    Нарекувајќи ги овие сајбернапади „повеќе од непријатни“, таа најави пакет санкции доколку такви активности не запрат.

    Германските разузнавачи велат дека руските хакери постојано се обидуваат да ги шпионираат водечките германски политичари. Во 2015 година биле откриени податоци украдени од електронската пошта на Меркел и таа тогаш кажа дека имаат осомничен за овој упад.

    „За жал, можам да кажам дека ова не е ништо ново. Извртувањето на фактите е дел од стратегијата на Русија. Ова никако не помага во подобрувањето на односите со Русија“, изјави Меркел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира