ИМАМ ПОПАМЕТНИ РАБОТИ ОТКОЛКУ ДА СЛУШАМ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА АФЕРИТЕ НА ДОНАЛД, ВЕЛИ МЕЛАНИЈА ТРАМП

    ИМАМ ПОПАМЕТНИ РАБОТИ ОТКОЛКУ ДА СЛУШАМ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА АФЕРИТЕ НА ДОНАЛД, ВЕЛИ МЕЛАНИЈА ТРАМПМеланија Трамп вели дека нејзиниот брак со Доналд е во ред (Фото: Гети)

    Меланија Трамп ги отфрли шпекулациите за нејзината брачна состојба и кажа дека не обрнува внимание на наводните вонбрачни афери на нејзиниот сопруг, затоа што има попаметна работа.

    Во интервјуто за Еј-Би-Си, првата дама на САД призна дека шпекулациите што ги слуша за нејзиниот брак не се пријатни. Запрашана дали го сака Доналд Трамп, таа кажа:

    „Да, ние сме во ред“.

    Порно-ѕвездата Сторми Даниелс и поранешната „Плејбој“ зајачица Керен Мекдугал се жените кои јавно зборуваа дека имале секс со Трамп и дека биле платени да молчат за тоа. Трамп ги негира овие афери.

    „Го сакам мојот сопруг. Медиумите понекогаш лошо ја претставуваат нашата врска. Што пишуваат тие, не е моја грижа. Јас сум мајка и прва дама и имам многу поважни работи да правам. Знам добро што е точно, а што не е точно“, изјави таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира