ИМАМЕ ЕДНА НЕДЕЛА ДА ЈА РЕШИМЕ КРИЗАТА СО СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА, КАЖА ВУЧИЌ

    ИМАМЕ ЕДНА НЕДЕЛА ДА ЈА РЕШИМЕ КРИЗАТА СО СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА, КАЖА ВУЧИЌАмериканските санкции за НИС стапија во сила на 9 октомври (Фото: АП)

    Србија има рок од една недела да одлучи како ќе го заштити снабдувањето со нафта од Српската нафтена индустрија (НИС) без национализација, кажа претседателот Александар Вучиќ.

    Американските санкции за НИС стапија во сила на 9 октомври и Вашингтон бара целосно повлекување на руските сопственици од компанијата. Во саботата, САД кажаа дека компанијата има рок од три месеци да најде нов купувач.

    „Сакаме по секоја цена да избегнеме национализација, конфискација и одземање имот. Одлуката мора да се донесе во следните седум дена, нема што да чекаме“, кажа Вучиќ.

    Поради санкциите, банките ги замрзнаа трансакциите на НИС, а официјални лица проценија дека српската рафинерија има доволно сурова нафта до 25 ноември. Министерот за финансии Синиша Мали предупреди дека продолжувањето на санкциите би можело да влијае врз економскиот раст и кредитниот рејтинг на Србија и врз странските инвестиции во земјата.

    „Газпром“ поседува 56% акции во НИС, што ги купи за 400 милиони евра во 2008, додека Србија е сопственик на 29,9% акции.

    САД ги воведоа санкциите на 10 јуни и во меѓувреме неколкупати ја одложија нивната примена. Србија речиси целосно зависи од руските испораки на гас и нафта, кои ги добива главно преку цевководи во Хрватска и други соседни држави.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира