ИМАМЕ ПОТВРДА ДЕКА НАПАДОТ ВО БАЊСКА БИЛ ДЕЛ ОД ПЛАН ЗА АНЕКСИЈА НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО, КАЖА КУРТИ

    ИМАМЕ ПОТВРДА ДЕКА НАПАДОТ ВО БАЊСКА БИЛ ДЕЛ ОД ПЛАН ЗА АНЕКСИЈА НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО, КАЖА КУРТИВо целодневните престрелки загинаа четворица напаѓачи, а шест лица беа уапсени (Фото: АП)

    Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека полицијата потврдила дека неодамнешниот напад во Бањска бил дел од поширок план за анексија на северот на Косово.

    „Врз основа на одземената документација, полицијата на Косово потврди дека терористичкиот напад бил дел од поширок план за анексија на северот на Косово преку координирани напади на 37 различни позиции. Потоа би уследило воспоставување коридор кон Србија, со цел да се овозможи снабдување со трупи и опрема“, напиша Курти на социјалната мрежа Икс.

    Министерот за внатрешни работи Џелал Свечла кажа дека подготовките за нападот биле извршени во Србија, што се гледало од дроновите запленети од групата. Контроверзниот бизнисмен и бивш потпретседател на партијата Српска листа, Милан Радоичиќ, во петокот потврди дека тој го организирал нападот, негирајќи дека имал поддршка од властите во Белград.

    Во нападот на 24 септември беше убиен еден косовски полицаец, а во целодневните престрелки загинаа и четворица напаѓачи, додека шест лица беа уапсени. Косовските власти потоа објавија дека заплениле големо количество оружје и воена опрема и дека останатите напаѓачи избегале во Србија.

    Косовската полиција викендов објави снимки кои наводно ја прикажуваат обуката на вооружената група. Тие тврдат дека снимките биле направени меѓу 2 и 20 септември на Копаоник и на еден полигон на српската војска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира