Со историска пресуда, Врховниот суд на Индија пресуди дека геј сексот повеќе не е кривично дело во земјата. Оваа одлука ја поништи пресудата од 2013 година, во која врз основа на законот од колонијално време, познат како дел 377, геј сексот беше категоризиран како „неприродно дело“. Тоа е еден од најстарите закони во светот во кој геј сексот е криминал, а Индија не сакаше да го поништи.
По последниве години, во Индија имаше многу гласна кампања за да се декриминализира хомосексуалноста.
Поборниците за легализација на геј сексот се собраа пред судот и со овации ја дочекале пресудата, а некои и провалиле во судот за време на читањето на одлуката.
„Криминализацијата на телесни односи е ирационална, арбитражна и неуставна”, рече судијата Дипак Мисра при читањето на пресудата.