ИНЈЕКЦИИТЕ ЗА СЛАБЕЕЊЕ НЕ СЕ РЕШЕНИЕ ЗА ГЛОБАЛИОТ ПРОБЛЕМ СО ДЕБЕЛИНАТА, ПРЕДУПРЕДИ СЗО

    ИНЈЕКЦИИТЕ ЗА СЛАБЕЕЊЕ НЕ СЕ РЕШЕНИЕ ЗА ГЛОБАЛИОТ ПРОБЛЕМ СО ДЕБЕЛИНАТА, ПРЕДУПРЕДИ СЗОПовеќе од милијарда луѓе ширум светот живеат со дебелината како хронична болест, која предизвикува дополнителни состојби како што се дијабетес и рак. (Фото: ДПА)

    Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека инјекциите за слабеење, иако се корисни, сами по себе нема да го решат глобалниот проблем со дебелина.

    „Да бидам јасен: Само лековите нема да ја решат кризата со дебелината“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

    СЗО одобри употреба на таканаречени агонисти на рецепторот ГЛП-1, но предупредува да не се користи премногу. Упатствата на СЗО ги опфаќаат активните состојки лираглутид, семаглутид и тирзепатид. Тие се содржани, на пример, во лековите „саксенда“, „вегови“ и „мунџаро“, кои се користат за лекување дебелина.

    Упатството наведува дека трите активни состојки може да се користат за лекување на дебелина кај возрасни, но не и кај бремени жени. Здравиот начин на живот треба да биде дел од секој третман, предупреди СЗО.

    „Од клучно значење е што употребата на ГЛП-1 не ја заменува потребата за здрава исхрана или физичка активност“, рече Тедрос.

    Дебелината во моментов е еден од главните здравствени предизвици во светот, рече шефот на СЗО. Повеќе од милијарда луѓе ширум светот живеат со оваа хронична болест, која предизвикува дополнителни состојби како што се дијабетес и рак. СЗО очекува овој број да се удвои до 2030 година.

    Тедрос, исто така, апелираше посиромашните луѓе и земји да имаат пристап до прифатливи агонисти на рецепторот на ГЛП-1. Активните состојки првично беа развиени за дијабетес и се покажаа ефикасни за губење на тежината бидејќи го намалуваат апетитот и ги засилуваат сигналите за ситост од цревата до мозокот. Сепак, многу прашања остануваат неодговорени, како што се можните долгорочни ефекти од оваа класа супстанции. Препаратите не се користат доволно долго за да може да се процени ова, вели СЗО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира