Поранешниот заменик-министер на Иран, Алиреза Акбари, кој има и британско и иранско државјансвто и кој беше осуден на смрт во Иран, беше егзекуитран.
Неговото семејство било замолено да го посети во затвор за последен пат во средата, и неговата сопруга изјавила дека бил преместен во самица.
Акбари беше уапсен во 2019 и обвинет за шпионажа за Велика Британија, што тој го негираше.
Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека егзекуцијата „е безобразен и кукавички чин, остаток од варварски режим“.
„Иранските власти немаат никаква почита спрема човековите права на нивниот сопствен народ“, изјави Сунак.
Весникот на иранското правосудство „Мизан“ објави дека Акбари бил обесен, без да прецизира кога се случила егзекуцијата.