ИРАН ЛАНСИРАЛ РАКЕТИ КОН ВОЕНА БАЗА ОДДАЛЕЧЕНА 4.000 КИЛОМЕТРИ

    ИРАН ЛАНСИРАЛ РАКЕТИ КОН ВОЕНА БАЗА ОДДАЛЕЧЕНА 4.000 КИЛОМЕТРИСАД и Велика Британија ја делат базата во Индискиот Океан (Фото: Шатерсток)

    Иран лансирал две балистички ракети кон американско-британската база на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан, потврди портпаролот на британското министерство за одбрана. „Вол стрит џурнал“ претходно објави дека еден проектил откажал во текот на летот, а другиот бил соборен од американски воен брод.

    Диего Гарсија е оддалечен 4.000 километри од Иран, што сугерира дека Иран располага со ракети со далеку поголем дострел од она што го има признато. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи минатиот месец кажа дека Иран намерно го ограничил дострелот на своите ракети до 2.000 километри, како што барал и убиениот врховен водач Али Хамнеи.

    Си-Ен-Ен, кој исто така извести за нападот, го опиша Диего Гарсија како клучен воен пункт за операции далеку од дома и клучен аеродром за флотата тешки бомбардери на американската војска.

    Овој напад уследи само еден ден откако Велика Британија им дозволи на САД да користат две нејзини бази за „специфични одбранбени операции против Иран“, првенствено за заштита на Ормускиот Теснец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира