ИРАН МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ СО ЗБОГАТУВАЊЕ УРАНИУМ ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ, НУКЛЕАРНИТЕ КАПАЦИТЕТИ НЕ СЕ ЦЕЛОСНО УНИШТЕНИ, ВЕЛИ ШЕФОТ НА МЕЃУНАРОДНАТА АГЕНЦИЈА ЗА АТОМСКА ЕНЕРГИЈА

    ИРАН МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ СО ЗБОГАТУВАЊЕ УРАНИУМ ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ, НУКЛЕАРНИТЕ КАПАЦИТЕТИ НЕ СЕ ЦЕЛОСНО УНИШТЕНИ, ВЕЛИ ШЕФОТ НА МЕЃУНАРОДНАТА АГЕНЦИЈА ЗА АТОМСКА ЕНЕРГИЈАГроси рече дека американските напади врз три ирански локации минатиот викенд предизвикале сериозна, но „не целосна“ штета, што е во спротивност со тврдењето на Доналд Трамп дека нуклеарните капацитети на Иран биле „целосно уништени“. (Фото: Максар)

    Иран има капацитет повторно да започне со збогатување ураниум, потенцијално за нуклеарна бомба, во рок од „неколку месеци“, изјави шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

    Гроси рече дека американските напади врз три ирански локации минатиот викенд предизвикале сериозна, но „не целосна“ штета, што е во спротивност со тврдењето на Доналд Трамп дека нуклеарните капацитети на Иран биле „целосно уништени“.

    „Искрено кажано, не може да се тврди дека сè исчезна и дека таму нема ништо“, рече Гроси во саботата.

    Израел изврши напади врз нуклеарни и воени локации во Иран на 13 јуни, тврдејќи дека земјата е блиску до изработка на нуклеарно оружје. САД подоцна се приклучија на нападите, фрлајќи бомби врз трите ирански нуклеарни постројки: Фордо, Натанц и Исфахан. Оттогаш, вистинскиот обем на штетата останува нејасен.

    Во изјава за американската мрежа „Си-Би-Ес“, Гроси кажа дека Техеран би можел „за неколку месеци… да има неколку каскади на центрифуги кои се вртат и произведуваат збогатен ураниум“. Тој додаде дека Иран сè уште ги поседува „индустриските и технолошките капацитети… така што, доколку сакаат, ќе можат повторно да го прават ова“.

    МААЕ не е единствената институција што сугерира дека иранските нуклеарни способности би можеле да продолжат. Претходно оваа недела, разузнавачка проценка на Пентагон покажа дека американските напади ја уназадиле програмата само за неколку месеци.

    Трамп реагираше остро, изјавувајќи дека нуклеарните локации на Иран се „целосно уништени“ и ги обвини медиумите за „обид да се омаловажи еден од најуспешните воени напади во историјата“.

    Во моментов, Иран и Израел се согласија на прекин на огнот. Сепак, Трамп изјави дека „апсолутно“ би размислил за повторно бомбардирање на Иран доколку разузнавачките служби откријат дека земјата може да збогатува ураниум до загрижувачки нивоа.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира