ИРАН НАЈАВИЛ ДЕКА ЌЕ МУ СЕ ОДМАЗДИ НА ИЗРАЕЛ ЗА НАПАДОТ ВО ДАМАСК НА НАЧИН СО КОЈ ЌЕ СЕ ИЗБЕГНЕ ПОГОЛЕМА ЕСКАЛАЦИЈА

    ИРАН НАЈАВИЛ ДЕКА ЌЕ МУ СЕ ОДМАЗДИ НА ИЗРАЕЛ ЗА НАПАДОТ ВО ДАМАСК НА НАЧИН СО КОЈ ЌЕ СЕ ИЗБЕГНЕ ПОГОЛЕМА ЕСКАЛАЦИЈАВо воздушниот напад од 1 април беше погоден иранскиот конзулат во Дамаск, при што загинаа 13 луѓе (Фото: АП)

    Иран му сигнализирал на Вашингтон дека ќе одговори на израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Сирија на начин со кој ќе се избегне голема ескалација и дека нема да дејствува избрзано, изјавија ирански извори. Пораката ја пренесол иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахаин при посетата на Оман, кој често делува како посредник помеѓу Техеран и Вашингтон.

    Белата куќа не ги коментираше овие наводи, но рече дека САД му кажале на Иран дека не се вмешани во нападот во Дамаск.

    Извор од американското разузнавање изјави дека Иран бил многу јасен дека неговиот одговор ќе биде контролиран и нема да придонесе за поголема ескалација и дека планира да користи регионални проирански групи за напади врз Израел, како Хезболах.

    Иран се закани дека ќе му се одмазди на Израел за воздушниот напад од 1 април, во кој беше погоден иранскиот конзулат во Дамаск, при што загинаа 13 луѓе, вклучувајќи генерали на Иранската револуционерна гарда. Врховниот водач ајатолахот Али Хаменеи потоа кажа дека нападот го третираат како напад врз иранска територија. Израел не ја презеде одговорноста за нападот, но сите веруваат дека стои зад него.

    Во очекување на ирански одговор, САД го ограничија движењето на своите вработени во Израел. Американската амбасада препорача да се не патува надвор од Ерусалим, Тел Авив и Бер Шева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира