ИРАН НАПАДНАЛ 12 ДРЖАВИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА, ЗАЛИВСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА НЕ БИЛЕ ДОВОЛНО СПРЕМНИ ЗА ИРАНСКАТА ОДМАЗДА

    ИРАН НАПАДНАЛ 12 ДРЖАВИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА, ЗАЛИВСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА НЕ БИЛЕ ДОВОЛНО СПРЕМНИ ЗА ИРАНСКАТА ОДМАЗДАЗграда погодена со дрон во Манама, Бахреин (Фото: АА)

    Заповедникот на Централната команда на американската војска Бред Купер предупреди дека Иран ги проширил нападите низ регионот и го обвини дека намерно напаѓа цивилни цели. Според него, Иран нападнал 12 држави од почетокот на војната пред една недела.

    Иранскиот терористички режим нападна 12 различни земји и продолжува намерно да ги таргетира цивилите низ целиот Блиски Исток. Синоќа, иранските сили испукаа седум дронови кон цивилни, станбени населби во Бахреин. Ова е неприфатливо и нема да остане без одговор. Ќе продолжиме да работиме со регионалните партнери за да се справиме со оваа закана за невините луѓе низ целиот регион“, рече Купер.

    Администрацијата на Трамп се соочува со растечко незадоволство од сојузниците во Персискиот Залив, кои се пожалиле дека немале доволно време да се подготват за иранските одмазднички напади со беспилотни летала и ракети. Официјални лица од две заливски земји изјавија дека нивните влади се разочарани од начинот на кој САД ја водат војната, особено со првиот напад врз Иран на 28 февруари. Тие рекоа дека нивните земји не биле однапред известени за нападот и се пожалија дека САД ги игнорирале нивните предупредувања дека војната ќе има катастрофални последици за целиот регион.

    Во регионот постои верување дека операцијата се фокусира на одбрана на Израел и американските трупи, додека земјите од Заливот се оставени сами да се заштитат, а залихите на противвоздушна одбрана брзо се намалуваат“, кажа еден функционер.

    Покрај заливските земји, ирански дронови паднаа и во Кипар и Азербејџан, а противвоздушната одбрана на НАТО собори дрон што се движел кон Турција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира