ИРАН НЕ ПОПУШТА ПРЕД УЛТИМАТУМОТ НА ТРАМП, СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЗАЛИВСКИТЕ ГРАДОВИ ЌЕ ПОТОНАТ ВО ТЕМНИНА

    ИРАН НЕ ПОПУШТА ПРЕД УЛТИМАТУМОТ НА ТРАМП, СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЗАЛИВСКИТЕ ГРАДОВИ ЌЕ ПОТОНАТ ВО ТЕМНИНАТрамп неколкупати го продолжуваше својот ултиматум, но за овој тврди дека е конечен (Фото: АП)

    Иран не покажува знаци на отстапување откако Доналд Трамп се закани дека „вечерва ќе умре цела цивилизација“ ако Техеран не прифати договор и не го отвори Ормускиот Теснец. Експерти предупредуваат дека изјавите на Трамп можат да се протолкуваат како закана со геноцид, според американското и меѓународното право.

    Тој претходно се закани дека ќе ги уништи сите ирански електрани и мостови ако Иран не го испочитува неговиот ултиматум, што треба да истече ноќва во еден часот по средноевропско време. Иранската револуционерна гарда најави дека жестоко ќе ги нападне американските сојузници во Заливот, во чии пустински градови не би имало услови за живот без струја и вода.

    На неколку часа пред истекот на крајниот рок, висок ирански функционер изјави дека Техеран нема намера да го отвори Теснецот без отстапки од САД. Пакистан, кој се наметна како главен посредник, сè уште пренесува пораки, но Вашингтон не го промени својот тон, рече изворот за „Ројтерс“.

    Доколку САД ја спроведат заканата за напади врз електричната мрежа на Иран, Техеран ќе ги потоне земјите од Заливот во темнина и оваа закана му била пренесена на Вашингтон преку Катар“, рекол иранскиот извор.

    Иран вчера го одби американскиот предлог за привремено примирје, барајќи целосен и траен прекин на непријателствата.

    Разговорите за траен мир би можеле да започнат дури откако САД и Израел ќе престанат со бомбардирањето, ќе гарантираат дека нема да започнат повторно и ќе понудат надомест за штетата“, рече друг ирански извор за „Ројтерс“, додавајќи дека Иран мора да ја задржи контролата врз Теснецот.

    Трамп неколкупати го продолжуваше својот ултиматум во изминатиот период, но за овој тврди дека е конечен.

    Не сакам да се случи тоа, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што превладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, кој знае? Ќе дознаеме вечерва“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира