ИРАН ПОГОДИ ТАНКЕРИ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ, САД ИЗВРШИЈА НАПАДИ ТРЕТА НОЌ ПО РЕД

    ИРАН ПОГОДИ ТАНКЕРИ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ, САД ИЗВРШИЈА НАПАДИ ТРЕТА НОЌ ПО РЕДТрамп порача дека САД ја преземаат контролата врз Теснецот (Фото: АП)

    Обединетите Арапски Емирати го обвинија Иран за дрзок напад врз два танкера во Ормускиот Теснец, при што загина едно лице, додека САД извршија напади врз Иран трета ноќ по ред. Ова следува откако Доналд Трамп објави дека ја враќа поморската блокада на иранските пристаништа и дека САД ќе наплаќаат патарина од бродовите кои минуваат низ Теснецот.

    Иранското министерство за надворешни работи возврати на ова дека Иран останува чувар на Ормускиот Теснец.

    Со зголемувањето на тензиите околу овој меѓународен воден пат, ОАЕ соопштија дека ирански крстосувачки ракети погодиле два нивни танкера, при што загинал еден индиски член на екипажот и биле ранети осуммина, од кои четворица сериозно.

    „Го осудуваме овој дрзок напад, кој претставува сериозно и јасно кршење на меѓународното право, загрозувајќи ги безбедноста и стабилноста на регионот“, се вели во соопштението на ОАЕ.

    Иранската револуционерна гарда подоцна ги потврди нападите, велејќи дека два танкера ги игнорирале предупредувањата, ги исклучиле навигациските системи и се обиделе да поминат низ миниран пат, поради што биле погодени и онеспособени.

    Трамп порача дека САД ја преземаат контролата врз Теснецот.

    САД повторно воведуваат поморска блокада на иранските пристаништа и ќе наметнат данок од 20% на целиот товар што се испорачува преку Ормускиот Теснец. Ова ќе ги спречи иранските бродови или клиенти да влегуваат или излегуваат, но сите други земји ќе имаат фер и отворена употреба на Теснецот“, кажа Трамп.

    Тој рече дека САД силно го удираат Иран, но додаде дека договорот и натаму е можен.

    Централната команда на американската војска соопшти дека последниот напад траел неколку часа, при што биле погодени цели во разни делови од Иран. За одмазда, Иран лансирал напади кон Кувајт, Јордан и Бахреин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира