ИРАН ПОТВРДИ ДЕКА УШТЕ ДВАЈЦА ГЕНЕРАЛИ ЗАГИНАЛЕ ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ ВОЗДУШНИ НАПАДИ

    ИРАН ПОТВРДИ ДЕКА УШТЕ ДВАЈЦА ГЕНЕРАЛИ ЗАГИНАЛЕ ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ ВОЗДУШНИ НАПАДИГенералите Хосеин Салами, Мохамад Багери и Амир Али Хаџизадех загинале во првиот бран напади (Фото: АФП)

    Иран денеска ја потврди смртта на уште двајца свои високорангирани генерали во израелските воздушни напади, кои почнаа вчера.

    Иранската државна телевизија кажа дека станува збор на Голамреза Мехраби, заменик-шефот на военото разузнавање и Мехди Рабани, заменик-шефот на воените операции.

    Израелската војска вчера објави дека убила повеќе од 20 ирански воени заповедници и дека погодила подземен команден центар каде што претставници на Револуционерната гарда се собрале за да се подготват за напад врз Израел, при што загинал бригадниот генерал Амир Али Хаџизадех, заповедникот на воздушните сили на гардата.

    Од почетокот на операцијата „Исправен лав“ Израел ги уби и началникот на генералштабот на иранските вооружени сили Мохамад Багери, главниот заповедник на Револуционерната гарда Хосеин Салами и шефот на централниот штаб на борбената единица Хатам ал-Анбија, Голамали Рашид.

    Во нападите загинале и Али Шамхани, близок соработник на ајатолахот Али Хаменеи и деветмина ирански нуклеарни научници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира