ИРАН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПРИМИРЈЕТО АКО ИЗРАЕЛ ПРОДОЛЖИ СО НАПАДИТЕ ВРЗ ЛИБАН

    ИРАН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПРИМИРЈЕТО АКО ИЗРАЕЛ ПРОДОЛЖИ СО НАПАДИТЕ ВРЗ ЛИБАНИзраелската војска денеска изведе големи воздушни напади врз Либан (Фото: ДПА)

    Иранските медиуми објавија дека Израел веќе го прекршил прекинот на огнот и дека Иран ќе се повлече од договорот за примирје ако продолжат нападите врз Либан. Израел го поддржа примирјето и кажа дека запира со нападите врз Иран, но нагласи дека договорот не важи за Либан.

    Запирањето на војната на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, е дел од договорот за двонеделно примирје со САД. Иран ќе го казни Израел за нападите врз Хезболах, што е прекршување на примирјето“, изјави еден ирански функционер.

    Поради продолжувањето на израелската воена акција во Либан, Иранската револуционерна гарда објави дека Ормускиот Теснец останува затворен, предупредувајќи дека сите бродови што ќе се обидат да поминат без дозвола од Иран ќе бидат нападнати и уништени.

    Израелската војска денеска изведе големи воздушни напади врз Либан, велејќи дека погодила повеќе од 100 локации поврзани со Хезболах во рок од десет минути. Здравствените власти велат дека има голем број жртви. Нападите биле извршени во јужните предградија на Бејрут, јужен Либан и во источната долина Бака, кои важат за упоришта на проиранската милитантна група.

    Од почетокот на војната загинале повеќе од 1.500 луѓе во Либан, од кои 130 деца, а над 1,2 милиона лица се раселени, што е една петина од популацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира