ИРАН ВЕЛИ ДЕКА ПОСТИГНАЛ ДОГОВОР СО ОМАН ЗА ПОВТОРНО ОТВОРАЊЕ НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ

    ИРАН ВЕЛИ ДЕКА ПОСТИГНАЛ ДОГОВОР СО ОМАН ЗА ПОВТОРНО ОТВОРАЊЕ НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦОткако САД и Израел го нападнаа Иран во февруари, Техеран во голема мера го блокираше теснецот (Фото: АП)

    Иран кажа дека постигнал договор со Оман за рута за бродски превоз низ Ормускиот Теснец. Портпаролот на министерството за надворешни работи Есмаил Багеи не даде дополнителни детали за договорот, за кој рече дека е во завршна фаза.

    Сепак, тој предупреди дека договорот со Оман нема да гарантира безбедна пловидба низ теснецот, додавајќи дека безбедноста останува загрозена од американската блокада на иранските пристаништа.

    Откако САД и Израел го нападнаа Иран во февруари, Техеран во голема мера го блокираше Ормускиот Теснец, низ кој обично поминува една петина од светскиот извоз на нафта и течен природен гас. Доналд Трамп оваа недела предупреди дека Иран ќе биде погоден многу силно ако теснецот не се отвори наскоро.

    Иран нагласи дека не преговара со САД и не ни планира.

    Географските координати на рутата се договорени со Оман. Сè уште постојат фактори кои го прават Ормускиот Теснец небезбеден, особено поморската блокада и други агресивни и заканувачки дејствија против Иран и неговите интереси“, рече Багеи,

    Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, потоа изјави дека новата рута ќе биде привремена и може да остане отворена до четири месеци. Предложениот договор, исто така, би му дал на Иран контрола врз бродовите што влегуваат во Заливот преку Ормускиот Теснец, објави „Ројтерс“.

    Една од главните точки на несогласување помеѓу Техеран и Вашингтон е заканата на Иран дека ќе воведе такса за бродовите што сакаат да го преминат теснецот. Иран бара давачки од 5% до 7% од вредноста на товарот на бродовите, Оман разговара за такса од околу 3%, додека Вашингтон не сака да има никакви такси.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира