ИРАН ВЕЛИ ДЕКА ВЕНС И СПИКЕРОТ НА ИРАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЌЕ ГИ ВОДАТ МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ВО ИСЛАМАБАД

    ИРАН ВЕЛИ ДЕКА ВЕНС И СПИКЕРОТ НА ИРАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЌЕ ГИ ВОДАТ МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ВО ИСЛАМАБАДМохамад Багер Калибаф беше сметан за човек со кого може да се преговара, па Израел го тргна од својата листа за ликвидација (Фото: Гети)

    Иранската новинска агенција „ИСНА“ објави дека спикерот на парламентот Мохамад Багер Калибаф ќе ја предводи иранската делегација на разговорите со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во Исламабад. Иранскиот Врховен совет за безбедност соопшти дека преговорите ќе почнат на 10 април.

    Калибаф, кој долго време беше сметан за штитеник на покојниот врховен водач Али Хамнеи и човек од доверба на неговиот син Моџтаба, беше водечки глас на пркос против Израел и САД откако почна војната. Сепак, тој исто така беше сметан за човек со кого може да се преговара, па Израел го тргна од својата листа за ликвидација. И покрај неговиот тврдокорен профил, Калибаф изгради и репутација на модернизатор и прагматичар.

    Венс го опиша ноќеска договорениот прекин на оган како кревко примирје и го повика Иран да преговара со добри намери за да се постигне долготраен договор.

    Договор е можен ако Иранците се спремни со добра намера да соработуваат со нас. Но, ако го прекршат кревкото примирје што го воспоставивме, тогаш нема да бидеме среќни“, рече Венс.

    Претседателот на Пакистан, Шехбаз Шариф, кој посредуваше во разговорите, кажа дека Исламабад ќе биде домаќин на американски и ирански делегации в петок „за понатамошни преговори за конечен договор за решавање на сите спорови“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира