ИРАНСКИОТ АЈАТОЛАХ ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА ПОСТОИ, КАЖА ИЗРАЕЛ ПО НАПАДОТ ВРЗ БОЛНИЦАТА ВО БЕРШЕВА

    ИРАНСКИОТ АЈАТОЛАХ ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА ПОСТОИ, КАЖА ИЗРАЕЛ ПО НАПАДОТ ВРЗ БОЛНИЦАТА ВО БЕРШЕВАВо нападот врз болницата „Сорока“ се ранети најмалку 40 луѓе (Фото: АП)

    Израел му се закани на иранскиот ајатолах Али Хаменеи по денешниот ирански ракетен напад во кој беше погодена болница во Бершева. Во нападот се ранети најмалку 40 луѓе и причинета е голема штета на главната болница во јужен Израел.

    На иранскиот врховен водач веќе не смее да му се дозволи да постои. Хаменеи отворено кажува дека сака Израел да биде уништен. Тој лично наредил да се нападне болницата ‘Сорока‘. Таков човек не треба да постои“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

    Доналд Трамп неделава кажа дека знаат каде се наоѓа Хаменеи, но засега нема да го ликвидираат.

    Покрај болницата во Бершева, во денешниот ирански напад со балистички проектили биле погодени уште неколку места низ Израел. Ранети се вкупно 89 луѓе. Нападот го осуди и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека „ќе им се одмазди на тираните од Техеран“.

    Кац кажа дека војската добила наредба да ги засили нападите врз стратешките цели во Иран за да се елиминираат заканите и да се дестабилизира режимот на ајатолахот. Ноќеска меѓу другото биле нападнати три ирански нуклеарни постројки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира