ИРАНЦИТЕ НЕ СЕ ПРЕДАВААТ, МУ ОДГОВОРИ АЈАТОЛАХОТ АЛИ ХАМЕНЕИ НА ТРАМП И ИМ СЕ ЗАКАНИ НА САД

    ИРАНЦИТЕ НЕ СЕ ПРЕДАВААТ, МУ ОДГОВОРИ АЈАТОЛАХОТ АЛИ ХАМЕНЕИ НА ТРАМП И ИМ СЕ ЗАКАНИ НА САДАли Хаменеи кажа дека Израел направил голема грешка што го нападна Иран (Фото: АФП)

    Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хаменеи го отфрли повикот на Доналд Трамп за безусловно предавање, велејќи дека мир или војна не можат да ѝ бидат наметнати на Исламската Република.

    „Интелигентните луѓе кои ги познаваат Иран, иранската нација и нејзината историја никогаш нема да ѝ зборуваат на оваа нација со заканувачки јазик, бидејќи иранската нација нема да се предаде. Американците треба да знаат дека секоја воена интервенција на САД несомнено ќе биде проследена со непоправлива штета“, кажа Хаменеи во изјава прочитана од ТВ-презентер.

    Илјадници луѓе избегаа од Техеран денеска откако Израел продолжи со бомбардирањата, а Доналд Трамп размислува за приклучување на САД кон израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки.

    Хаменеи вчера се огласи на социјалните мрежи, каде што кажа дека „битката започнала“ и им се закани на израелските власти.

    „Израел направи голема грешка што го нападна Иран и ќе биде казнет за тоа. Иранците никогаш нема да ги заборават нападот на нивната територија и крвта на мачениците. Нема компромиси со Израел“, рече тој денеска.

    Израел и Иран меѓусебно се напаѓаат веќе шести ден. Иранската револуционерна гарда тврди дека ноќеска првпат лансирала хиперсонични проектили „фатах-1“, додека израелски борбени авиони нападнале фабрика за центрифуги и фабрика за проектили близу Техеран, како и универзитет поврзан со гардата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира