ИСИС ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА НАПАДИТЕ ВО ШРИ ЛАНКА, МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ 45 ДЕЦА

    ИСИС ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА НАПАДИТЕ ВО ШРИ ЛАНКА, МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ 45 ДЕЦАИсламска држава не даде доказ за своето тврдење (Фото: АП)

    Исламска држава и официјално ја презеде одговорноста за неделните бомбашки напади во Шри Ланка. Таа се обрати преку својата новинска агенција „Амак“, соопштувајќи дека „нападите биле изведени од борците на Исламска држава“, но не даде ниту еден доказ за своето тврдење.

    Властите објавија снимка од еден од осомничените бомбаши, непосредно пред тој да влезе во црквата „Свети Себастијан“, каде што загинаа повеќе од 50 луѓе, што е најсмртоносниот во серијата напади.

    Бројот на загинати во неделните напади на цркви и хотели во Коломбо се зголеми на 321 и Обединетите нации објавија дека меѓу нив има 45 деца.

    „Вкупно 45 деца загинаа, но има и доста повредени, што значи дека оваа бројка би можела да порасне“, кажа портпаролот на УНИЦЕФ, Кристоф Булиерак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира