ИСКЛУЧЕНИ ВИБЕР И ВАТСАП ВО ЦРНА ГОРА ПОРАДИ ИЗБОРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:36:"Подгорица,(Вијести)

    ИСКЛУЧЕНИ ВИБЕР И ВАТСАП ВО ЦРНА ГОРА ПОРАДИ ИЗБОРИТЕ

    Во Црна Гора денеска се исклучени Вибер, Ватсап и сличните апликации за интернет комуникација додека траат парламентантарните избори во земјата. Тамошната Агенција за електронски комуникации (ЕКИП) им наложила на мобилните оператори да ја исклучат можноста за користење на апликациите Вибер, Ватсап и другите слични сервиси, кои во текот на денот, како што соопшти агенцијата, биле користени за несакана комуникација со корисниците, јави „Вијести.ме“.

    Според налогот на ЕКИП, операторите се должни да ја спроведат мерката во склад со Законот за електронски комуникации, кој предвидува директен маркетинг само со претходна согласност на корисникот.

    На денешните избори во Црна Гора се гледа како на избор меѓу Русија и Западот. Според анкетите, ова е најтесна трка од прогласувањето на независноста од Србија до сега, а се стравува дека ќе има насилен конфликт меѓу опозицијата и оние кои ја поддржуваат владата на Мило Ѓукановиќ откако ќе се објават изборните резултати.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира