ИСЛАМСКА ДРЖАВА ЈА ЗАГУБИ И ПОСЛЕДНАТА ТЕРИТОРИЈА ВО СИРИЈА, ПРОГЛАСЕН ПАД НА КАЛИФАТОТ

    ИСЛАМСКА ДРЖАВА ЈА ЗАГУБИ И ПОСЛЕДНАТА ТЕРИТОРИЈА ВО СИРИЈА, ПРОГЛАСЕН ПАД НА КАЛИФАТОТСириските безбедносни сили овој месец ја почнаа конечната офензива во Бангуз, последното упориште на Исламска држава (Фото: АФП)

    Сириските безбедносни сили (СДФ) прогласија крај на калифатот, откако Исламска држава го загуби и последното парче територија во Сирија.

    Портпаролот на СДФ кажа дека ова е „стопроцентен територијален пораз на Исламска држава“, која на врвот на својата моќ контролираше територија од 88.000 квадратни километри во Ирак и Сирија, што ѝ овозможуваше да планира и изведува терористички напади низ цел свет.

    Алијансата предводена од Курдите и поддржана од воздушните напади на САД овој месец ја почна конечната офензива против Исламска држава, чии преостанати борци беа утврдени во и околу селото Бангуз во источна Сирија. Напредувањето одеше бавно и внимателно поради голем број цивили засопнети во згради, тунели и пештери.

    „Сириските безбедносни сили прогласуваат тотална елиминација на таканаречениот калифат и стопроцентен територијален пораз на Исламска држава. На овој уникатен ден, оддаваме почит на илјадници маченици кои ја овозможија оваа победа“, изјави шефот на комуникациите на СДФ, Мустафа Бали.

    Исламска држава произлезе од Ал-Каеда во Ирак, а потоа се придружи на востанието против сирискиот претседател Башар ал-Асад. До 2014 година имаше окупирано големи делови од двете земји и прогласи калифат. Ирачките власти прогласија победа над Исламска држава во 2017 година.

    Сепак, се верува дека групата е далеку од целосно поразена. САД проценуваат дека таа и натаму има меѓу 15.000 и 20.000 свои припадници во регионот, подготвени повторно да дејствуваат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира