ИСЛАМСКА ДРЖАВА СЕ ЗАКАНИ СО НАПАДИ НА СТАДИОНИТЕ КАДЕ ШТО ЌЕ СЕ ИГРА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

    ИСЛАМСКА ДРЖАВА СЕ ЗАКАНИ СО НАПАДИ НА СТАДИОНИТЕ КАДЕ ШТО ЌЕ СЕ ИГРА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕУЕФА кажа дека е свесна за заканите, но мечевите во Мадрид, Париз и Лондон ќе се играат според планираното (Фото: Гети)

    Мечевите од Лигата на шампионите оваа недела ќе имаат засилена безбедност откако се појавија закани од Исламска држава. Медиумски канал на групата објави повеќе постери преку кои се повикува на напади врз стадионите каде што ќе се играат четвртфиналните натпревари.

    УЕФА кажа дека е свесна за заканите, но додаде дека мечевите во Мадрид, Париз и Лондон ќе се играат според планираното. Министерствата за внатрешни работи на Франција и Велика Британија потврдија дека безбедносните мерки ќе бидат зајакнати.

    Ќе ве потсетам дека пред само десет дена Исламска држава објави фотографија од стадионот во Минхен и кажа дека треба да се преземе акција против спортските објекти каде што се играат фудбалски мечеви, иако сите спортови би можеле да бидат мета“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан.

    Оваа недела две средби се играат во Мадрид и по една во Лондон и Париз. Каналот на ИСИС објави фотографии и од тамошните стадиони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира