ИСЛАНД СЕ ПРИДРУЖИ НА БОЈКОТОТ НА ЕВРОВИЗИЈА ПОРАДИ ИЗРАЕЛ

    ИСЛАНД СЕ ПРИДРУЖИ НА БОЈКОТОТ НА ЕВРОВИЗИЈА ПОРАДИ ИЗРАЕЛГрупата „ВАЕБ“ го претставуваше Исланд оваа година во Базел (Фото: АП)

    Исланд стана петтата држава која ќе ја бојкотира следната Евровизија во Австрија, придружувајќи им се на Ирска, Словенија, Шпанија и Холандија. Тие донесоа ваква одлука откако минатата недела Израел доби дозвола да учествува.

    Исландската радиодифузна служба (РУВ) одлучи да не учествува на Евровизија во Виена следната година. Учеството на Израел на натпреварот создаде неединство помеѓу членовите на Европската радиодифузна унија и пошироката јавност“, соопшти РУВ.

    Денеска истекува крајниот рок за пријавување за учеството на 70. Евровизија и се верува дека Исланд е последната држава која се повлече.

    Ирска, Холандија, Шпанија и Словенија објавија дека ќе ја бојкотираат следната Евровизија веднаш откако на 4 декември беше одлучено дека Израел може да учествува. Овие држави ги предводеа повиците Израел да биде исфрлен од популарното музичко натпреварување поради предизвикување хуманитарна катастрофа во Газа и обвинувањата за неправични практики за гласање. Минатиот месец, Европската радиодифузна унија објави дека ги заострува правилата за гласање на натпреварувањето за да го ограничи влијанието на владите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира