Тројца научници се добитници на годинашната Нобелова награда за физика за нивната работа на разбирањето на црните дупки.
Осумдесет и деветгодишниот Англичанец Роџер Пенроуз, Германецот Рајнхард Генцел и Американката Андреа Гез ќе ја поделат наградата од десет милиони шведски круни (1,1 милион долари).
„Годинашната награда го слави еден од најегзотичните предмети во вселената“, изјави претседателот на Нобеловиот комитет за доделување на наградата за физика Дејвид Хавиланд.
Пенроуз демонстрирал дека црните дупки се неизбежна последица на Ајнштајновата општа теорија за релативноста, додека Генцел и Гез го обезбедија досега најубедливиот доказ за постоењето на супермасивна црна дупка во центарот на Млечниот Пат. Гез е само четврта жена која ја освојува оваа награда.