ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО ВО ГЕРМАНСКАТА ПРОТЕСТАНСКА ЦРКВА ОТКРИ НАЈМАЛКУ 1.259 ЗЛОСТАВУВАЧИ И 2.225 ЖРТВИ

    ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО ВО ГЕРМАНСКАТА ПРОТЕСТАНСКА ЦРКВА ОТКРИ НАЈМАЛКУ 1.259 ЗЛОСТАВУВАЧИ И 2.225 ЖРТВИСамата црква ја иницираше студијата во 2020 и за тоа обезбеди 3,6 милиони евра (Фото: ДПА)

    Студијата за сексуално насилство во Протестантската црква во Германија (ЕКД) документирала најмалку 1.259 лица обвинети за недолично однесување во рамките на оваа организација во последните децении.

    Подготвена и презентирана од независни истражувачи, студијата ги опишува наодите како врв на ледениот брег.

    Актуелната претседателка на ЕКД, Кирстен Ферс, рече дека е длабоко шокирана од целокупната слика презентирана во студијата и дека само може од срце да им се извини на жртвите.

    „Како институција, ние сме виновни за безброј злосторства врз безброј луѓе“, рече Ферс.

    Бројот на жртвите идентификувани во извештајот, 2.225, е заснован на досиеја од регионалните црковни здруженија и од добротворната и социјална служба на ЕКД.

    Црквата ја иницираше студијата во 2020 и за тоа обезбеди 3,6 милиони евра, со надеж дека ќе ги идентификува структурите во црквите и организациите кои можеби промовираат злоставување или злоупотреба на моќта. Истражувачите немаа пристап до сите лични досиеја на свештените лица, туку првенствено се потпираа на дисциплинската евиденција.

    Жртвите на сексуално насилство можат да аплицираат за индивидуални отштети, кои обично се движат меѓу 5.000 и 50.000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира