ИТАЛИЈА ГЛАСА ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА СВОЈАТА ПРВА КРАЈНОДЕСНИЧАРСКА ВЛАДА ОД МУСОЛИНИ

    ИТАЛИЈА ГЛАСА ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА СВОЈАТА ПРВА КРАЈНОДЕСНИЧАРСКА ВЛАДА ОД МУСОЛИНИСалвини, Берлускони и Мелони ја сочинуваат коалицијата на десничарски партии (Фото: Гети)

    Денешните парламентарни избори во Италија би можеле да испишат историја со тоа што земјата ќе ја добие првата жена на премиерската функција, како предводничка на првата крајнодесничарска влада од Бенито Мусолини и Втората светска војна.

    Националистичката партија Браќа на Италија (ФДИ) на Џорџа Мелони освои едвај четири отсто гласови во 2018, а се предвидува дека сега за неа ќе гласаат околу 25% избирачи, со што десничарската коалиција ќе има сигурно парламентарно мнозинство. Во овој блок уште се Лига на Матео Салвини и Напред Италија на Силвио Берлускони, кој најавува голем политички камбек на 85 години.

    Постои идеја во Италија дека сме пробале со сите, па ајде сега да пробаме со неа“, вели аналитичарот Волфганго Пиколи.

    Четириесет и петгодишната римјанка ветува запирање на имиграцијата и намалување на даноците, а нејзиниот углед во опозициските редови порасна откако одби да се придружи на коалицијата на бившиот премиер Марио Драги и жестоко ги критикуваше болните владини мерки против ковид-19.

    Мелони е одличен комуникатор, но ја чекаат значителни економски ограничувања и нема големо искуство, така што нема да има долг меден месец“, додава Пиколи.

    Демократската партија предупредува дека победата на Мелони може да биде опасна поради неофашистичките корени на ФДИ и блиските врски со Виктор Орбан.

    Мелони го омаловажува своето крајнодесничарско минато, но го присвои стариот слоган на фашистите „Бог, татковина и семејство“, тврдејќи дека Браќа на Италија е мејнстрим сила налик на британската Конзервативна партија. Таа ја поддржува Украина во војната со Русија, но зборува против ЛГБТ лобито и повика на поморска блокада на Либија за да се запре имиграцијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира