ИТАЛИЈА МУ ЗАПЛЕНИ НА РУСКИОТ МИЛИЈАРДЕР УСМАНОВ МЕРЦЕДЕС-МАЈБАХ ИСТ КАКО НА ГРУЕВСКИ

    ИТАЛИЈА МУ ЗАПЛЕНИ НА РУСКИОТ МИЛИЈАРДЕР УСМАНОВ МЕРЦЕДЕС-МАЈБАХ ИСТ КАКО НА ГРУЕВСКИСпоред италијанските медиуми, со блиндираниот „Мерцедес-Мајбах“ се возел и рускиот претседател Владимир Путин за време на тајните посети на Сардинија. - Усманов и Путин во Москва (Фото: ТАСС)

    Италијанските власти му го запленија блиндираниот Мерцедес-Мајбах на рускиот милијардер Алишер Усманов како дел од санкциите на ЕУ против руските олигарси. Станува збор за „Мерцедес-Мајбах С650 гард“, кој чини 600 илјади евра и според италијанските медиуми, со него се возел и рускиот претседател Владимир Путин за време на тајните посети на Сардинија.

    Исто такво возило набави МВР за потребите на поранешниот премиер Никола Груевски, за што потоа имаше и судски случај, кој заврши со двегодишна затворска за експремиерот, но тој избега во Будимпешта пред да му биде врачен упатниот акт за издржување на затворската казна.

    „Кориере дела сера“ објави дека црниот „Мерцедес-Мајбах“ бил запленет во Порто Черво, популарна дестинација за руските милијардери. Усманов е почесен жител на Порто Черво, каде што и го купи автомобилот во 2018 година.

    Возилото на Груевски требаше да биде продадено, според најавите на поранешниот премиер Зоран Заев, и со парите да се купат амбулантни возила, но тоа не се случи и сега се користи за превоз на високи странски гости.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира