ИТАЛИЈА САКА СО ЗАКОН ДА ЈА ЗАБРАНИ ЈАВНАТА УПОТРЕБА НА СТРАНСКИ ЗБОРОВИ, КАЗНИТЕ ЌЕ ОДАТ ДО 100.000 ЕВРА

    ИТАЛИЈА САКА СО ЗАКОН ДА ЈА ЗАБРАНИ ЈАВНАТА УПОТРЕБА НА СТРАНСКИ ЗБОРОВИ, КАЗНИТЕ ЌЕ ОДАТ ДО 100.000 ЕВРАЗаконот доби поддршка и од премиерката Џорџа Мелони (Фото: Гети)

    Италијанците кои користат англиски и други странски зборови во официјална комуникација би можеле да се соочат со казни до 100.000 евра, според нов закон претставен од владејачката партија Браќа на Италија. Законот го предложи пратеникот Фабио Рампели, а доби поддршка и од премиерката Џорџа Мелони.

    Иако законот се однесува на сите странски јазици, првенствено е насочен против прекумерната употреба на англиски зборови, што, како што е кажано, го понижува и умртвува италијанскиот јазик, а уште полошо е тоа што Велика Британија воопшто не е членка на Европската Унија.

    Законот, за кој допрва ќе се расправа во парламентот, бара од сите јавни функционери да имаат „писмено и усно познавање и владеење на италијанскиот јазик“. Тој исто така ја забранува употребата на англискиот во официјални документи, вклучувајќи акроними и имиња на работни места во компании кои работат во земјата.

    Ова не е само прашање на мода, модите поминуваат, англоманијата има последици по целото општество“, стои во предлог-законот.

    Според членот 2 од овој закон, италијанскиот јазик ќе биде „задолжителен за промоција и користење на јавни добра и услуги на националната територија“. Ако не се почитува, може да се изрече казна меѓу 5.000 и 100.000 евра. Исто така, министерството за култура ќе формира комисија, чија задача би била правилната употреба на италијанскиот јазик и неговиот изговор во училиштата, медиумите, трговијата и рекламирањето.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира