ИТАЛИЈА УСВОИ ЗАКОН ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, НЕЗАКОНСКО ШИРЕЊЕ СОДРЖИНИ СОЗДАДЕНИ СО ОВАА ТЕХНОЛОГИЈА ЌЕ СЕ КАЗНУВА СО ЗАТВОР

    ИТАЛИЈА УСВОИ ЗАКОН ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, НЕЗАКОНСКО ШИРЕЊЕ СОДРЖИНИ СОЗДАДЕНИ СО ОВАА ТЕХНОЛОГИЈА ЌЕ СЕ КАЗНУВА СО ЗАТВОРВладата на Џорџа Мелони кажа дека со законот се воспоставува транспарентна и безбедна употреба на ВИ (Фото: АП)

    Италијанскиот парламент усвои закон за вештачка интелигенција (ВИ), со што Италија стана првата членка на Европска Унија со сеопфатни регулативи за ВИ. Владата на Џорџа Мелони кажа дека со законот се воспоставува транспарентна и безбедна употреба на вештачката интелигенција и се нагласуваат иновации, сајбербезбедност и заштита на приватноста.

    Законот го покрива и незаконското ширење на содржина создадена од ВИ, како дипфејк фотомонтажи, што ќе се казнува со затвор од една до пет години доколку предизвика штета. Незаконската употреба на ВИ, исто така, ќе носи построги казни за прекршоци како кражба на идентитет и измама.

    Во однос на авторските права, делата создадени со помош на ВИ ќе бидат заштитени ако се резултат на интелектуален напор.

    Законот го ограничува пристапот до вештачката интелигенција за лица под 14 години, за што ќе треба согласност од родителите.

    „Овој закон ја враќа иновацијата во рамките на јавниот интерес, насочувајќи ја вештачката интелигенција кон раст, права и целосна заштита на граѓаните“, рече Алесио Бути, потсекретар за дигитална трансформација.

    Владата ги назначи Агенцијата за дигитална Италија и Националната агенција за сајбербезбедност како национални органи за развој на ВИ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира