Седумдесет и четиригодишниот Џакомо Чипарини беше пронајден згмечен под илјадници пити кашкавал, соопштија властите. Чипарини починал откако врз него се срушила полица која пукнала, во неговиот магацин во регионот на Ломбардија, изјави за АФП пожарникарот Антонион Дуси.
Пукањето на полицата предизвикало домино ефект, соборувајќи илјадници пити кашкавал, од кои секоја тежи по околу 40 килограми.
Според пожарникарот, потребни им биле 12 часа за да го најдат телото на Чипарини. Некои од питите, наводно, паднале од околу 10 метри и локален жител за италијанските медиуми изјавил дека уривањето звучело како да се грмотевици.
Причинетата економска штета е проценета на 7 милиони евра.
Магацинот, кој се наоѓа во Романо ди Ломбардија, на околу 50 километри источно од Милано, содржел вкупно 25.000 пити „грана падано“, тврдо сирење кое наликува на пармезан и е популарно во Италија.