ИТАЛИЈАНСКИ ПОЛИТИЧАР – АНТИВАКСЕР СЕ ЗАРАЗИЛ СО СИПАНИЦИ И ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦА

    ИТАЛИЈАНСКИ ПОЛИТИЧАР – АНТИВАКСЕР СЕ ЗАРАЗИЛ СО СИПАНИЦИ И ЗАВРШИЛ ВО БОЛНИЦАМасимилијано Федрига го опиша новиот закон за задолжително вакцинирање на деца како сталинистички

    Италијански политичар од редовите на крајна десница познат како голем противник на задолжителното вакцинирање на деца се заразил со сипаници, јавуваат тамошните медиуми.

    Масимилијано Федрига, член на десничарската партија Северна лига, бил хоспитализиран во текот на овој месец и четири дена бил ставен под строг лекарски надзор, објави весникот „Ла Република“.

    Како претседател на североисточниот регион Фриули-Венеција Џулија, Федрига гласно се спротивставувал на законот кој предвидува задолжителна вакцинација на училишните деца за болести како сипаници, варичела и детска парализа. Законот стапи на сила минатата недела и предвидува казна од 500 евра за сите родители кои своите деца невакцинирани ќе ги пратат на училиште.

    Федрига, кој го опиша законот како „сталинистички“, беше остро критикуван од лекари и научници за неговите ставови за задолжителното вакцинирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира