ИТАЛИЈАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА САНЏУЛИЈАНО ДАДЕ ОСТАВКА ЗАШТО САКАЛ ДА ЈА ВРАБОТИ СВОЈАТА ЉУБОВНИЦА КАКО СОВЕТНИЧКА

    ИТАЛИЈАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА КУЛТУРА САНЏУЛИЈАНО ДАДЕ ОСТАВКА ЗАШТО САКАЛ ДА ЈА ВРАБОТИ СВОЈАТА ЉУБОВНИЦА КАКО СОВЕТНИЧКАСанџулијано се соочи со медиумска бура околу улогата на Марија Росарија Бочија (Фото: АФП)

    Италијанскиот министер за култура Џенаро Санџулијано поднесе оставка откако призна дека сакал да ја вработи својата љубовница како советничка, што стана голем скандал за владата на Џорџа Мелони.

    Бившиот новинар се соочи со медиумска бура околу улогата на Марија Росарија Бочија, инфлуенсерка и самопрогласена претприемачка, која на Инстаграм објави дека била предложена за „советничка на министерот за големи настани“.

    Иако во прв момент размислував да ја ангажирам за неплатена советничка во министерството, потоа се премислив, зашто тоа би можело да биде судир на интереси“, кажа Санџулијано во ТВ-интервју пред два дена.

    Тој денеска изјави дека мора да поднесе оставка за да го заштити угледот на министерството, што беше прифатено. Тоа е првата министерска смена во владата на Мелони, која во изминатите две години му беше лојална на својот тим, што донесе политичка стабилност во земјата.

    Во интервју за „РАИ“, Санџулијано призна дека ја запознал доста помладата Бочија на журка во Неапол во мај, што прераснало во сентиментална врска, која се распаднала во почетокот на август.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира